СИГУРНОСТА ЗАПОЧНУВА СО НАС!

полиса 1

Домаќинско
осигурување

Домот е јадрото на сечие семејство.
Имајќи го тоа во предвид, како и фактот колку е потребно да дојдете до дом, а пред сѐ до живеалиште кое е по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство.
Затоа постои домаќинското осигурување, креирано според Вашите потреби и можности кое ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и предметите кои се во него, во зависност од пакетот за кој Вие ќе се одлучите.
Домаќинското осигурување вклучува осигурување од следните основни ризици:
-Пожар
-Експлозија
-Поплава од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
-Временски непогоди ( град, луња)
-Манифестации и демонстрации
-Одговорност кон трети лица (соседи)
-Нужно сместување
 *Дополнителни ризици со дополнителна премија:
-Поплава
-Земјотрес
-Лизгање и одронување не земјиште
Дознај колку ќе чини твојата полиса за домаќинско осигурување и која компанија го има најсоодветниот пакет со најдобрите покритија за тебе.

Полиса 2

КАСКО

Каско осигурување претставува дополнитен вид осигурување кое претставува дополна на задолжителното осигурување кое веќе го имате за моторното возило, каското се однесува исклучиво на заштита на вашето возило.
Во денешно време, кога сообраќајот и комуникацијата на земјава со европските земји е сѐ поинтензивен, каско полисата е повеќе од неопходна.
Со Каското може да го заштите Вашето возило од следните ризици:
-Сообраќајна незгода;
-Кражба и противправно одземање;
-Злонамерни постапки;
-Пожар, удар од гром, експлозија;
-Пад или удар на предмет врз возилото;
-Временски непогоди (луња, поплава, град, лавина);
-Манифестации и демонстрации
-Поплава, порој и високи води

полиса 3 

Автоодговорност

Со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со оваа осигурителна полиса, Вие сте покриени од сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на други учесници во сообраќајот поради сопствена грешка и со тоа сте заштитени од трошоцитте за надомест на штета на оштетената страна (тоа е обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале Вашата полиса).
 Полисата за автоодговорност е полиса која треба задолжително да ја извадите за учество во сообраќајот. Со оваа полиса поминувате на технички преглед и добивате печат во сообраќајната дозвола која потврдува дека вашето возило е регистрирано.

полиса 4 

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

За мирно и безгрижно патување, без грижи за Вашите здравје и безбедност постои патничкото осигурување.
Ова осигурување Ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство кои можат да бидат многу големи во зависност од земјата каде што патувате и услугите кои ќе ги користите.
Патничкото осигурување Ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици, до различни осигурени суми, во зависност од тоа кој пакет ќе го изберете.
Видови на осигурување:
-Индивидуално
-Семејно
-Групно
 Потребни документи и информации за изработка на полисата за патничко осигурување :
-Важечки пасош на лицето што патува
-Место / Локација на патување
-Датум на патување (од – до)

пОЛИСА 5 

ЗЕЛЕН КАРТОН

Зелениот картон е проширување на осигурувањето надвор од територијата на Р.С. Македонија. Оваа полиса исто така е од задолжителен тип на осигурување и истата мора да ја поседувате кога со возилото ја напуштате државата.
Зелениот картон претставува гаранција дека во случај на штета во која ќе има учество вашето возило во странство, штетата ќе биде надоместена без разлика дали сте причинител на незгодата или оштетен.
Премијата на полисата на зелената карта зависи од силината на моторот на патничкото возило, додека кај товарните возила е фиксна.

ПОЛИСА 6

Доброволно приватно здравствено осигурување

Изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за Вас и за Вашите најблиски.
Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.
Осигуреникот за да може да направи полиса за приватно здравствено осигурување мора најпрво да биде член за ФЗОМ.
Со приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за следниве здравствени услуги:
*Болничко лекување со хоспитализација;
*Дневна болница и дневна хирургија;
*Основни дијагностички мерења, снимања;
*Специјалистички прегледи;
*Лабораториски анализи и испитувања;
*Амбулантска рехабилитација;
*Амбулантски интервенции;
*Комплексни дијагностички постапки;
*Трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со Листата на операции.
*Тешки болести согласно листата на тешки болести.

ПОБАРАЈ ПОНУДА УШТЕ ДЕНЕС!