полиса 1
Домаќинско
осигурување
Домот е јадрото на сечие семејство.
Имајќи го тоа во предвид, како и фактот колку е потребно да дојдете до дом, а пред сѐ до живеалиште кое е по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство.
Затоа постои домаќинското осигурување, креирано според Вашите потреби и можности кое ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и предметите кои се во него, во зависност од пакетот за кој Вие ќе се одлучите.
Домаќинското осигурување вклучува осигурување од следните основни ризици:
-Пожар
-Експлозија
-Поплава од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
-Временски непогоди ( град, луња)
-Манифестации и демонстрации
-Одговорност кон трети лица (соседи)
-Нужно сместување
*Дополнителни ризици со дополнителна премија:
-Поплава
-Земјотрес
-Лизгање и одронување не земјиште
Дознај колку ќе чини твојата полиса за домаќинско осигурување и која компанија го има најсоодветниот пакет со најдобрите покритија за тебе.