Нашето друштво го стекна брокерското друштво Енса Брокер, кое поседуваше лиценца издадена на 06.02.2020 година со број 18-1-50. Одобрението за стекнување и промена на името беше издадено на 21.10.2024 година, со лиценци УП - 14-2-232 и УП - 14-2-233, а промената на името во Флекс брокер се изврши во ноември 2024 година.
Како лиценцирано брокерско друштво, нашата цел е да обезбедиме најдобри осигурителни решенија преку партнерства со водечките осигурителни компании на пазарот. Понудата ги опфаќа сите класи на осигурување – животно, не-животно, имотно и здравствено осигурување – и е целосно прилагодена на вашите потреби и приоритети.
Ние сме горд дел од Групацијата Флекс, меѓународна финансиска група основана во 2013 година, која е препознатлив лидер во потрошувачко кредитирање низ Источна и Јужна Европа. Со над 3000 вработени и повеќе од 350 филијали во шест земји, Флекс Кредит носи стабилност, искуство и иновација. Како лидер на пазарот во македонската финансиска индустрија, нашето проширување продолжува со 100 продажни точки низ Македонија, носејќи ги услугите поблиску до секого.
"Со секој чекор, стоиме покрај вас – слушаме, разбираме и пронаоѓаме решенија што ќе ви овозможат сигурност и спокој за иднината."
Назив на друштво - Осигурително брокерско друштво ОБД  ФЛЕКС БРОКЕР А.Д Скопје
Седиште – Интернационални Бригади бр.15/2-кат 5 Скопје -Гази Баба
Тел :  13 585
Интернет страна – www flexbroker.mk
Електронска адреса – [email protected]
 Одговорно лице- Горан Арсов
Делегирано одговоорно лице – Александар Атески